Под мотото „Нови манифести“, од 2 до 12 октомври годинава во Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ ќе се одржи дваесеттото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.
Содржината продолжува под рекламата
ИФАД Стоби – Нови манифести обединува вкупно девет претстави во официјалната и придружната програма, и тоа на театарски куќи од Р. Србија, Р. Турција, Р. Бугарија, Р. Казахстан и Р. Грција и секако – македонски театарски продукции чиј интерес е античката драма и нејзините современи наративи. За време на фестивалот ќе бидат поставени три изложби на фотографии и мултимедија, ќе се реализираат четири работилници, ќе се промовира третото издание на традиционалната фестивалска публикација, ќе се одржи панел, ќе има посебен актив за најмладата публика, а за секоја од претставите во официјалната селекција ќе се одржува тркалезна маса.
Содржината продолжува под рекламата
Фестивалот традиционално ќе додели четири меѓународни награди: Награда за најдобра женска улога, награда за најдобра машка улога, награда за најдобра режија и Гран при на фестивалот. Билетите за фестивалот, по цена од 200 денари, ќе бидат пуштени во продажба на театарската билетарница од утре.
Можеби ќе ве итнересира: