Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Содржината продолжува под рекламата
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 87 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 91, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,5, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 85 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 48,715 денари за килограм.
Можеби ќе ве итнересира: