40 години затвор доби Славе Илиев за убиството на Миле Димов во село Подлес

Podles ubistvo

101 година ќе има Славе Илиев од село Подлес ако ја издржи казната затвор која денеска му ја изрече велешкиот суд. 60-годишниот Илиев доби рекордни 40 години затвор за убиство и обид за убиство, кое го стори пред три месеци во своето родно село, во општина Градско.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Судијката Габриела Гајдова му одреди долготрајна затворска казна, оти за делото за кое е обвинет е предвидена доживотна робија. Илиев со пиштол го застрела 42-годишниот велешанец Миле Димов, а неговиот другар Миле Воденичаров тешко го рани. Причина за убиството е тоа што Димов копал водоводен канал крај својата викендичка, а на соседот Илиев. Со кого подолго време бил во кавга, тоа не му се допаѓало.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

При изрекувањето на пресудата, судијката Гајдова рече дека го ценела признавањето на вина, но ги ценела и отежителните околности, под кои Илиев го извршил убиството. Илиев денеска не беше во судница да ја слушне пресудата. Неговиот бранител Дејан Трајчевски најави жалба. Адвокатот на оштетените Душко Петров е задоволен од пресудата.

Во март годинава судијката Габриела Гајдова го осуди на речиси максиомални 18 години затвор велешанецот Ангелче Николов, кој со автомобил, пијан и без возачка, на пешачки усмрти 11 годишно девојче. Неколку месеци подоцна, скопска апелација ја намали казната на 8 години, што предизвика жестоки реакции во јавноста. Пресудата од 40 години затвор за Славе Илиев која судијката Гајдова денеска му ја изрече, не е правосилна.

.Можеби ќе ве интересира: