Росоман му гостува на Борец, Превалец ќе ја пречека Марена

Prevalec Marena
Prevalec Marena

Утре ќе се одигра третото коло од Третата фудбалска лига – Југ, а велешките екипи, Борец и Превалец ќе ги бијат битките на домашен терен.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Борец ќе проба да се врати на победничките патеки по минатонеделното реми во Лажани. На стадионот „Зорана Паунов“ ќе гостува екипата на Росоман, која во првите две кола е поразена од Големо Коњари на гостински терен, а на домашен терен од Младост Кривогаштани.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Фудбалерите на Превалец, на стадионот во Превалец ќе ја пречекаат екипата на Марена. Марена се наоѓа на третото место на табелата со освоени три бода. Во првото коло загубија во Крушево од Питу Гули со 2:1; додека минатата недела ја декласираа Локомотива на домашен терен со 7:1.

На останатите натпревари Големо Коњари ја пречекува екипата на Питу Гули, Бучин ќе гостува во Градско на екипата на Локомотива, додека во Прилеп екипата на Ултрас ќе ја пречека екипата на Слога од Лажани.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: