Уште еден висок пораз забележаа ракометарите на Борец. На гостувањето во Штип, Текстилец беше подобар од Борец со 38:14. Убедливиот триумф на штипјани беше најавен уште по првото полувреме кое Текстилец го доби со 16:7.
Содржината продолжува под рекламата
Екипата на Текстилец немаше многу проблеми за да дојде до посакуваните бодови, имаше неколку расположени играчи, кои беа доволни за убедлива победа и први бодови во новата натпреварувачка сезона.
Содржината продолжува под рекламата
Филип Славев со девет погодоци ги предводеше штипјани, два помалку постигна Дарио Јорданов. Кај Борец се истакнаа Стефан Богдановски, Душан Крстевски и Марио Ангелов со по три погодоци.
Можеби ќе ве интересира: