Реклама

Во Велес ќе се одржи меморијален турнир во борење „Листон 2023“

liston-turnir-6

Во организација на Боречкиот клуб „Борец“ во сабота во спортската сала „Гемиџии“ во Велес  ќе се одржи меморијалниот турнир „Листон 2023“ во чест на големото боречко име Љубомир Коцев Листон и 42 година од неговата смрт.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На турнирот ќе настапат боречките клубови „Борец“, „Балканец“ Штип, „Лирија“ Скопје, „Бучим“ Радовиш, Неготино, „Вардар““ Скопје, „Студеничани“, „7 Мај“ Прилеп, БК „Киро Ристов““, БК „Карбинци“, „Спартак“ Кочани,„Тефејуз“ Скопје, и гости од соседните држави со над 100 натпреварувачи, изјави Игор Мицевски организатор, тренер на БК „Борец“.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од Боречкиот клуб „Борец“ ги повикуваат сите љубители на спортот да дојдат во салата „Гемиџии“ и да ги бодрат младите и надежни борачи. Влезот за спортските натпревари во борење е бесплатен, а по натпреварите ќе им бидат врачени медали и пехари на најдобрите.

Можеби ќе ве интересира: