Реклама

(ФОТО) 11 медали за борачите на Борец на меморијалниот турнир „Љубомир Коцев – Листон 2023

liston-2023-6

Вкупно 11 медали освоија младите борачи на Борец на меморијалниот турнир „Љубомир Коцев – Листон 2023“ кој се одржа денес во спортската сала „Гемиџии“ во Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Левче Картинов и Теодор Алексовски освоија златни медали во своите категории, сребрени медали освоија Ќамуран Шаќиров, Ријад Сулејмани, и Сенад Лимани, додека бронзени медали освоија Муртезан Лимани, Бајрам Сулејмани, Флорим Сулејмани, Аце Јовановски, Никола Петрушевски и Драган Асановски.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од клубот се презадоволни од успехот, кој е остварен во конкуренција на 16 клуба и 87 натпреварувачи. Во следниот период следуваат и други турнири, на кој се очекува да се подобрат резултатите.

Можеби ќе ве интересира: