Реклама

(ФОТО) Жито Маркети отворија нови маркети во Струмица и за првпат во Пробиштип!

Zito nov market vo Sveti Nikole

Жито Маркети отвори две нови продавници во ист ден, во Струмица и за првпат во
Пробиштип.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Со овој потег компанијата ја збогати својата мрежа со над 70 маркети ширум земјата и стана
подостапна за опслужувањето на граѓаните и купувачите во овие два градови.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новите Жито Маркети се распространети на површина од 700 м2 и имаат над 25 вработени.
Маркетот во Струмица се наоѓа на улица “Ленинова” број 99, a првиот нов отворен објект во
Пробиштип е на улица “Миро Барага” број 2.

„Отворањето на уште два во низата маркети ја отсликува деловната политика на нашата
компанија и е нова потврда за довербата која што ни ја укажуваат нашите верни купувачи. Ние,
таа доверба ќе ја оправдаме преку професионалната услуга, поволни цени и широкиот
асортиман на производи”, велат одговорните лица од компанијата.

Оттаму посочуваат дека граѓаните од овие две општини ќе имаат можност своето секојдневно
пазарење да го прават поблиску до нивниот дом.

„Асортиманот во нашите нови маркети е исклучително разновиден, со најразлични категории
производи по најповолни цени, вклучително и нашиот приватен бренд 5ка” , велат од Жито
Маркети.

Работното време на маркетите е од понеделник до сабота, од 07:30 до 21:30 часот, недела е
неработен ден.

Можеби ќе ве интересира: