Реклама

Поскапување на горивото

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 8,51% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 04.05.2020 година.

Zito akcija 640x289px
goriva-1

Ова значи дека бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 33,5 денари. Додека пак малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,026 денари за килограм и ќе изнесува 18,169 денари.

Agria

Од утре (12 Мај, 2020 година) максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 54,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98: 56,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 45,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 33,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 18,169 (денари/килограм)

Инаку минатата недела на светските берзи најголемо зголемување имаше на цената на бензинот и тоа во просек за околу 47,58%, а кај дизелот зголемувањето е во просек за околу 41,13%. Цената на екстра лесното масло порасна во просек за околу 38,69%, додека кај мазутот
се регистрира зголемување во просек за околу 24,73 %. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот бележи незначителен пад за 0,025 %.