Реклама

(ВИДЕО) Најголем процент на заразени во однос на тестирани забележан денеска

22 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во земјава во последните 24 часа. Бројката не е преголема. Но, ако се стави во контекст со бројот на направени тестови, тогаш податоците добиваат друга димензија. Овие 22 новозаболени се откриени откако во последното деноноќие се направени 145 тестови. Тоа значи дека нешто над 15 проценти од вкупно тестираните во последните 24 часа, се позитнивни на коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Ова е речиси двојно повеќе од вкупниот процент на откриени пациенти во однос на направените тестови од почетокот на епидемијата до денеска. Тој изнесува 8,6 проценти.

Agria

Направивме анализа на последните седум дена. Процентот на позитивни во однос на  направените тестови се движел помеѓу 4,3 и 9,9 отсто, заклучно со вчера. Денешниот процент од 15,2 позитивни во однос на направени тестови е многу повисок од претходните денови.

Статистика на позитивни тестови во однос на направени тестови

На што се должи ова и дали ова може да се смета за некаква индикација, која ќе се земе предвид при одлуката за олабавување на мерките, ќе видиме во следниот период. Министерот за здравство Венко Филипче денеска не закажа прес конференција.

Пред неколку часа, тој на својот фејсбук профил објави дека од 22-цата новозаразени, 13 се од Скопје, седум од Тетово и двајца од Прилеп. Институтот за јавно здравје денеска регистрира и 64 оздравени пациенти. Последното деноноќие помина и без починати пациенти од коронавирус. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, починааа 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

Се смирува ли состојбата во Велес? Два дена по ред, денеска и вчера, тука не е регистриран ниту еден позитивен на тестот за коронавирус, откако минатата недела Велес секој ден беше на врвот по бројот на заразени, а за шест дена, од вторникот до саботата, беа регистрирани вкупно 30 заразени граѓани.

Сепак, велешките здравствени власти смируваат. Велат дека бројките на позитивни на коронавирус од минатата недела се должи на тоа што веднаш биле тестирани и најблиските членови на семејствата на лица, кај кои веќе било утврдено присуството на вирусот. Во другите градови тоа не било пракса. Наместо тестови, таму најблиските на лицата позитивни на Ковид-19 биле веднаш испраќани во домашна изолација, без да се тестираат, бидејќи тие и онака се суспектни, а доколку некој од нив добие симптоми, тогаш се хоспитализирал.

Досега во Велес вкупната бројката на заболени лица од Ковид 19 изнесува 102. Од нив активни се 48 случаи, четворица починаа.