Продолжуваат фудбалските возбудувања од третолигашкиот регион Југ со натпреварите од 5 коло. За првото место кое води во баражот за Втора лига во недела со почеток од 14 часот на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, екипата на Борец ќе го пречека сотавот на Питу Гули од Крушево.
Содржината продолжува под рекламата
Фудбалерите на Превалец, пак ќе имаат тешко гостување во Кривогаштани, прилепско. Двете екипи, по четири одиграни кола се на делбата на првото место заедно со Борец и Марена со седум освоени бода.
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари Големо Коњари ќе ја пречека екипата на Марена, во Градско соседско дерби помеѓу Локомотива и Росоман, Бучин ќе ја пречека екипата на Слога од Лажани, додека прилепската екипа Ултрас ова коло е слободна.
Можеби ќе ве интересира: