Реклама

(ВИДЕО) Застрелан терористот од Брисел

Осомничениот за терористичкиот напад во Брисел е убиен утрово при полициска интервенција во главниот град, јавуваат белгиските медиуми.

Zito akcija 640x289px

Осомничениот бил застрелан во кафуле во Шаербек, било потврдено за nieuwsblad.be.

Agria

Сведок го видел Абдеслам Ласуд во кафуле во близина на зграда која била претресена во понеделникот вечерта.

Кога пристигнала полицијата, дошло до престрелка, при што напаѓачот бил убиен.

Идентификацијата допрва треба да потврди дека станува збор за напаѓачот, во тек се отпечатоци и идентификација. Но, голема е веројатноста дека тој е сторителот, бидејќи таму е пронајдено и оружјето со кое наводно биле извршени нападите, изјави министерката за внатрешни работи Анелизе Верлинден.

„Оружјето со кое наводно биле извршени нападите е пронајдено утрово на местото каде што е пронајден маж во Шербек. Тоа ја зголемува веројатноста дека сторителот е фатен. Сега земаме отпечатоци од прсти за да бидеме 100 отсто сигурни“, се вели во полициското соопштение.

За потсетување, напаѓачот со потекло од Тунис, се идентификувал како член на ИСИС, убил двајца шведски навивачи кои се возеле во такси, а додека пукал извикувал „Алаху акбар“.

Можеби ќе ве интересира: