Талентираниот фудбалер со македонско потекло, 16-годишниот Един Етоски, потпиша младински договор со актуелниот првак на Швајцарија, екипата на Јанг Бојс.
Содржината продолжува под рекламата
Един е роден во Швајцарија, но неговите родители се од село Мелница во близина на Велес. Тој е производ на фудбалската школа на Јанг Бојс, а има и настап и за селекцијата на Македонија до 16 години, како и за швајцарската репрезентација до 16 години.
Содржината продолжува под рекламата
Јанг Бојс е актуелен првак на Швајцарија и настапува во Лигата на шампиони во група со Црвена Ѕвезда, Манчестер Сити и Лајпциг.
Можеби ќе ве интересира: