Изложба на уметниците Стефан Анчевски и Марија Трпеска во Велес

Izlozba kumanovec

Вечерва во 19 часот во Ликовниот салон  на Народен Музеј Велес ќе биде отворена самостојната  изложба „Матијас (беш)е тука“ на уметниците Стефан Анчевски и Марија Трпеска. Станува збор за изложба којашто на своевиден начин документира дел од животот на Матијас Александар Божинов, трагично починат во времето на своите академски години.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Двајцата автори низ серија фотографии го рефлектираат интимното доживување на времето и местата на битисување со нивниот драг пријател и колега. Донесуваат аспекти од нивните животи во една кохезивна целина, одухотворена со последното дело на Матијас што претставува скулптура направена непосредно пред неговата смрт. Средбата со овие фотографии упатува кон единство во кое рефлексивното се преплетува со емотивното, кон моралната и социјалната смисла на креативниот чин.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник.  Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Анчевски реализирал 7 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 80 групни изложби и прикажувања во земјава и странство. Член на ДЛУБ и ДЛУМ. Во 2014 и 2023 година добитник е на прва награда „TrashForArt“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: