Три натпревари од третото коло на Втората кошаркарска лига се играат во саботните термини . Екипата на Борец Баскет ќе има тешко гостување кај екипата на Ангели.
Содржината продолжува под рекламата
Сериозен предвизвик за велешани кои тргнаа добро, со победа на гостински терен против Работнички, но и пораз на домашен терен од фаворитот МКК Куманово. Ангели пак во првото коло беа изненадени на домашен терен од Шкупи, а на гостувањето во Тетово против Тетекс се вратија со полн плен.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Независна Македонија“ во Општина Кисела Вода со почеток од 16 и 30 часот.
Можеби ќе ве интересира: