Реклама

Приведен велешанец по распишана централна потерница

policija lisici

На 20.10.2023 во 17.40 часот на ул.„22 Декември“ во Пехчево Оперативен тим Потраги го лиши од слобода Н.Б.(37) од Велес. За него била распишана централна потерница по добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје.

Zito akcija 640x289px

Тој е осуден на казна затвор во времетраење од една и пол година за сторено кривично дело „тешка кражба“, по член 236 од Кривичниот законик. Н.Б. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Agria

Можеби ќе ве интересира: