„Брако“ и „Грин Машинс“ главни спонзори на конференцијата за комунални услуги во паметните градови

green-machines-konferencija-adkom-1

БРАКО и Грин Машинс ја спонзорираа 11-та меѓународна конференција „Комуналните услуги во паметните градови“ која се одржа во Скопје.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во рамките на конференцијата се одржа саем на кој беа изложени најпродаваните електрични модели 500 ZE и 400 ZE, а стручниот тим на Грин Машинс пред присутните ги презентираше можностите и на сите останати модели кои ги нудат.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„По презентацијата на целата палета  возила од линијата Грин Машинс, повеќе комунални претпријатија од Србија, Црна Гора и Косово покажаа интерес за овој тип на возила и беа задоволни со перформансите кои ги имаат и кои ги рангираат помеѓу најдобрите возила од овој тип во светот. Конференциите од овој тип се солидна платформа да се презентираат достапни технолошки и еколошки решенија како тие на Грин Машинс, со нула штетни емисии во воздухот“, истакнаa техничкиот директор Ангел Анѓушев и комерцијалниот директор Владимир Локвенец.

Високо софистицираните возила на Грин Машинс ја одржуваат чистотата  на многу светски метрополи и паметни градови во околу 60 земји од светот. Со континуираниот развој и иновативните решенија Грин Машинс даваат постојан придонес во светските напори за постигнување нула штетни емисии во воздухот.

На конференцијата, организирана од Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, беа присутни повеќе од 200 учесници и претставници на јавни комунални претпријатија од регионот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: