Утре ќе се одигра седмото коло од Третата фудбалска лига – Југ, а во него уште еден дерби дуел за врвот на табелата. Довчерашниот лидер на табелата и сеуште без пораз во првенството, Борец ќе го пречека моменталниот лидер на табелата, составот на Големо Коњари.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, со почеток од 13 часот. Од клубот очекуваат силна подршка од трибините за овој натпревар, и ја повикуваат навивачката група „Гемиџии“ по подолго време да им даде подршка на фудбалерите на Борец .
Содржината продолжува под рекламата
На останатите натпревари, Превалец гостува кај екипата на Ултрас во Прилеп, Малдост Кривогаштани ќе ја пречека екипата на Марена, Питу Гули гостува во Градско кај екипата на Локомотива, во Лажани Слога ќе ги одмери силите со Росоман, додека Бучин ова коло е слободен.
Можеби ќе ве интересира: