Викендов на програмата од футсал ќе се одигра 4 коло од Првата футсал лига на Македонија. Екипата на Кеги Моби гостува кај годинава назасилената екипа играчки КМФ Форца, која лани од дното на табелата годинава дојде до борба за пехар.
Содржината продолжува под рекламата
„Нашиот тим како и секој викенд не дава лесно бодови, ќе оди во Слупчани да грaбне бод или три од колачот на Форца и да го врати Кеги Моби и на табелата таму кај што ни е местото“, изјавија од Кеги Моби.
Содржината продолжува под рекламата
Нaтпреварот ќе се одигра во спортската сала во „Фаик Коница“ во Слупчане со почеток од 16 часот.
Можеби ќе ве интересира: