Кошаркарите на Борец Баскет му го нанесоа првиот пораз на Партизан Водно Санс. Вчера во салата „Гемиџии“ во Велес, велешани беа подобри од скопскиот тим со резултат 85:76
Содржината продолжува под рекламата
Велешани дојдоа до победат со пресврт во вториот дел од натпреварот. Гостите од Скопје имаа подобра игра и двоцифрена предност до второто полувреме 43:34. Но благодарение на големата подршка од трибините Борец Баскет го доби натпреварот. Во последните десет минути направија (24:9), доволно за комплетен пресврт и победа.
Содржината продолжува под рекламата
Одлична партија приредија Карталовиќ, кој реализираше 24 поени, и Стојковиќ кој постигна 20 поени. По четири одиграни кола Борец Баскет се наоѓа на седната позиција со скор од две победи и два пораза. Во следното коло велешани ќе гостуваат во Скопје на МЗТ Уни Банка, екипа која има идентичен скор со Борец Баскет.
Можеби ќе ве интересира: