Превалец останува единствена екипа во Третата лига – Југ без пораз. На гостувањето во Прилеп тие ја совладаа екипата на Ултрас со високи 7:2.
Содржината продолжува под рекламата
Кристијан Маневски постигна хет-трик, а погодија уште Љупче Стефановски, Димче Ставревски, Бобан Дукадиновски и Давид Спиридонов. За домашните стрелци беа Христијан Баракоски, Мартин Мечев.
Содржината продолжува под рекламата
По седум одиграни кола, Превалец се наоѓа на втората позиција со 14 освоени бода, или еден помалку од лидерот Големо Коњари. Во следното коло во Превалец гостува екипата на Локомотива од Градско.
Можеби ќе ве интересира: