Реклама

Уапсени се двајца штипјани во вчерашната акција во Велес

Brkotnica so migranti 1

На 29.10.2023 во 20.30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР
Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен
надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И.(18) од с.Стар Караорман, штипско и Т.Ј.(18) од
Штип затоа што во товарното возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал
А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10
малолетници.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Имено, околу 20.05 часот на автопатото А1, полициски службеници од Полициската станица
за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со
движење и со возилото влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и со
возилото паднал во ископ. Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, констатирани во
болницата во Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

При приведувањето А.И. физички нападнал полициски службеник. По наредба на јавен
обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на
случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира: