Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 27.10.2023 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,883 ден/кг.
Содржината продолжува под рекламата
Од 31.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 46,291 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: