Реклама

Кривична пријава за велешката негувателка која на децата им давала електронска цигара

Кривична пријава доби негувателката од велешката градинка, која е осомничена дека на деца од градинката им дала да пушат електронска цигара. Полицијата денеска соопшти дека ќе бара од обвинителството 38-годишната велешанка да одговара за несовесно работење.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Отсекoт за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против В.И.(38) од
Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно
работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавената, вработена како
негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат
електронска цигара“, соопшти СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Случката беше обелоднета во јавноста на 3 октомври, кога родители на неколку деца од градинката „Димче Мирчев“ од Велес тврдеа дека негувателка во клонот Дворови им понудила на децата да пробаат од нејзината електронска цигара, а децата од љубопитност пробале од цигарата. Тие тврдеа дека настанот се случил на 29 септември, кога негувателката останала сама со групата деца во занимална.

Негувателката веднаш беше суспендирана од работното место и раководството на градинката поведе дисциплинска постапка против неа. За овој настан, велешкото обвинителство оформи предмет по допрен глас.

Случајот доби и политичка димензија, откако градоначалникот Марко Колев прстот го впери кон раководството на градинката, но и Министерството за труд и социјална политика, кое му ги одзеде ингеренциите за градинката, а со слична реакција се огласи и ВМРО ДПМНЕ. Директорката на градинката „Димче Мирчев“ Маја Велиновска се огради од одговорност и потенцираше дека тоа бил изолиран случај, за кој раководството на градинката веднаш покренало постапка и ја санкционирало негувателката.

Можеби ќе ве интересира: