67 годишен жител на село Бузалково бил затекнат од полициски службеници како товара исечени огревни дрва без документација.
Содржината продолжува под рекламата
„На 01.11.2023 околу 15.00 часот во атар на с.Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес и Полициското одделение Чашка го привеле А.А.(67) од с.Бузалково. Тој бил затекнат како во корпа прикачена на трактор „имт“ без регистарски ознаки товара исечени огревни дрва без документација. Дрвата, тракторот, корпата и една моторна пила биле одземени и предадени на Шумска полиција Велес за понатамошна постапка“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: