Променливо облачно со дожд во попладневните часови

Veles dozd Oktomvri 2021

Денеска нè очекува променливо облачно време со засилен ветер од јужен правец. Попладне, најпрво во западните делови на земјава, се очекуваат врнежи од дожд кои ќе бидат под влијание на циклонска активност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Минималните температури во земјава денеска ќе се движат од 5 до 13 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 17 до 24 степени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Времето во Велес ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Температуратс ќе се движи од 10 до 24 степени.

Можеби ќе ве интересира: