Кошаркарите на Борец Баскет го доживеаја третиот пораз во Втората кошаркарска лига. На гостувањењето во Скопје, кај екипата на МЗТ Скопје Уни Банка, изгубија со резултат 75:64.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани добро го започнаа натпреварот и по првата четвртина водеа со 23:20. Дури во некои наврати во втората четвртина имаа предност од девет коша, но потоа имаа голем пад во играта. Полувремето заврши со поен предност за домаќините 41:40.
Содржината продолжува под рекламата
Клучна беше третата четвртина, во која Борец Баскет постигна само два коша, а примија 21. до крајот на натпреварот домашниот состав умешно ја чуваше предноста.
По пет одиграни кола Борец Баскет се наоѓа на делба на 8 место со прилепски Мега Баскет, а во наредното коло токму прилепчани гостуваат во Велес.
Можеби ќе ве интересира: