Премиера на „Добри луѓе“ во велешкиот театар

dobri-luge-premiera

Вечерва на малата сцена во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, Независниот театар „Златен Елец“ премиерно  ќе ја изведе претставата „Добри луѓе“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Добри луѓе“ е дуодрама работена според Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај. Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат љубовните парови во денешно време и поставува едно навидум апсурдно, но легитимно еколошко и етичко прашање. Дали е оправдано да се има деца во загаден свет во кој секое суштество создава огромни количества јаглерод диоксид, но и во свет каде што тој нов живот треба да се соочи со некои сериозни егзистенцијални проблеми со можни трагични исходи: еколошки катастрофи, пандемии и огромни економски и социјални колапси?

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а играат младите актери од Велес: Тијана Трајчевска и Филип Христовски. Музиката ја работеше Ива Дамјановски, рекламниот материјал е на Бојана Цилевска, извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски, а материјалите ги преведе Наташа Пеевска.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: