Легендата на англискиот фудбал, Џејми Карагер ги импресионираше сите свои соговорници и стручни коментатори во емисијата на „Си-Би-Ес“ која ги коментира годинашните случувања околу Лигата на шампионите.
Пред синоќешниот натпревар меѓу Црвена Звезда и Лајпциг во Белград, анализирајќи ги „црвено-белите“ Карагер воодушеви со познавањата за случувањата во Црвена Звезда во времето на славната европска шампионска генерација, притоа како број еден издвојувајќи го најдобриот македонски фудбалер во историјата, Дарко Панчев.
Тоа беше еден извонреден тим кој постигна 19 гола на патот кон финалето. Најдобар стрелец беше Дарко Панчев, одличен напаѓач, најдобриот во тоа време. Тој во финалето го постигна голот за победа. Подоцна замина во Интер, иако тоа му беше грешка“ – истакна Карагер, притоа дополнувајќи:
„Екипата имаше и фантастични играчи во средниот ред, Савичевиќ, Михајловиќ, Просинечки… Просинечки играше за Реал и Барселона, а Савичевиќ го освои трофејот со Милан во 1994 година“.
🧠⚽️😉
— Jamie Carragher (@Carra23) November 7, 2023
pic.twitter.com/NdZaZfxjNk
Можеби ќе ве интересира: