Пуштен во употреба новиот покриен Градски пазар во Велес

Secenje lenta na noviot pazar

Новиот покриен Градски пазар во Велес свечено беше пуштен во употреба денеска. Градоначалникот Марко Колев и двајцата претходници Аце Коцевски и Славчо Чадиев, како и Снежана Дервишова, службеник која трите години беше задолжена за активностите за изградбата, заеднички ја пресекоа црвената лента.

Содржината продолжува под рекламата

Градоначалникот Колев се заблагодари за финансиската поддршка на Владата за изградбата на пазарот, на Светска банка за овозможениот кредит, на советниците на Советот на Општина Велес како и на службените лица на одделенијата за урбанизам и комунални дејности.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Покриениот градски пазар е најголема инвестиција на локалната власт во Велес, изминатите 30 години, од осамостојувањето на Македонија. Градежната парцела опфаќа 4.172 квадратни метри, од кои 3,4 илјади м2 се површина наменети за продажба. Поставени се 310 тезги за овошје, зеленчук, текстил, железарии и цвеќе. Во засебни простории се продаваат сирење и јајца.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: