Петар Левков: Посакуваме нова гостинска победа за Кеги Моби

KMF Kegi Mobi

Нови предизвици ги очекува футсал играчите на Кеги Моби. Во рамки на шестото коло од Првата македонска футсал лига, гостуваат во Свети Николе, кај екипата на Овче Поле. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 18 и 30 часот.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Овче Поле е млада екипа која неколку години игра заедно и е добро воиграна. Не влегуваме со потценуцање кон никого зошто и нас не ни почна сјајно сезоната, но потребна ни е победа за приклочок кон горниот дел на табелата. Одиме со полет од претходниот натпревар кој го добивме на домашен терен сакаме истото да го направиме и по втор пат годинава на гостински терен“, изјави Петар Левков од Кеги Моби.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Овче Поле мнатото коло направи изненадување, откинувајќи му бод на домашен терен на фаворитот Железарец. По пет одиграни кола Кеги Моби се наоѓа на шестата позиција со шест освоени бода, додека Овче Поле е осми со четири освоени бода.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: