На свечена седница на Советот на Општина Велес, која се одржа во велешкиот театар, беа врачени и деветоноемвриските награди и признанија на овогодинешните добитници.
Содржината продолжува под рекламата
Наградата за животно дело ја доби проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Инститот за македонски јазик „Крсте Миcирков“ за нејзината работа од областа на науката. Плакети 9 ноември добија велешка Маслодајна, историчарот Марин Клифов и Никола Тодоровски од „ЈООПОНЕ“.
Содржината продолжува под рекламата
Благодарници добија Игор Мицевски Скакар, Клементина Војдиновска, Јован Јовановски, пожарникарите Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Атилов и Роберто Шакиров кои беа на помош за настраданите од земјотресот во Турција, Александар Игевски, Ѓоре Андовски, Сашко Иванов, Бобан Арсеновски припадници на армискиот тим за заштита и спасување, Трајче Малинов, како и фурна Гемиџии.
Пофалница добија Васил Богоeвски, Ели Апостоловска, Ерѓул Усеинов, Ања Саздова и Иле Чингаров. Признанието „Ѓорѓи Шоптрајанов“за нај студент го доби Бојана Кацарова.
Можеби ќе ве интересира: