Машинскиот и извршен персонал при железници од вчера попладне во 16 часот стапи во бојкот со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот месец, вели Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие.
Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и товарните возови.
„Информирано е раководството кое ветува дека од понеделник ќе бидат пуштени средствата, но останува одлуката на машинскиот и извршниот персонал за бојкот“, рече Димовски.
Можеби ќе ве интересира: