Пред налетот на фудбалерите на Превалец падна и Бучин. Денес во рамки на деветото коло од Третата фудбалска лига – Југ, фудбалерите од велешката населба Превалец го совладаа домаќинот Бучин со резултат 4:2.
Содржината продолжува под рекламата
Стрелци на головите за Превалец беа Ставревски Димче, Чоков Антонио, Стојанов Пеце и еден автогол.
Содржината продолжува под рекламата
По девет одиграни кола, Превалец се наоѓа на втората позиција, со еден бод заостанување зад лидерот Големо Коњари. Во следното коло во велешката населба Превалец гостува екипата на Слога Лажани.
Можеби ќе ве интересира: