Во крајно неизвесен натпревар, кошаркарите на Борец Баскет го победија прилепскиот состав Мега Баскет со резултат 69:63 и дојдоа до третата победа во првенството.
Содржината продолжува под рекламата
Иако се чинеше дека велеашни по доброто прво полувреме кое го добија со 37:29, лесно ќе ги освојат бодовите, велешани имаа пад во играта во третата четвртина која заврши со водство на прилепчани од 53:51.
Содржината продолжува под рекламата
Последната четвртина беше доста изедначена со промена на водството на двете екипи. Сепак во последните две минути од натпреварот, кошаркарите на Борец Баскет беа поконцентрирани на теренот и заслужено ги освоија бодовите.
Можеби ќе ве интересира: