Сопственикот на Еуроникел објави дека комбинатот за производство на никел од Кавадарци е понуден на продажба во насока на барање на решение за решавање на кризата.
Содржината продолжува под рекламата
ГСОЛ соопшти дека ги понудил акциите на Еуроникел за минимален износ на најголемиот доверител (банка), како и на Константинос Даскалакис и неговата група компании кои изразиле интерес да го купат производителот.
Содржината продолжува под рекламата
Еуроникел и неговиот акционер ГСОЛ ги поддржуваат сите конструктивни разговори и активности кои можат да ја обезбедат иднината на компанијата и ги повикуваат сите засегнати страни да придонесат за одржливо долгорочно решение за фабриката“, соопшти сопственикот.
Синдикалната организација при Еуроникел индустри бара сопственикот на комбинатот, компанијата ГСОЛ, ако навистина ѝ мислат добро на фабриката, да ги исплати платите и да обезбеди струја.
„Веќе неколку пати јавно ве повикувавме и повторно ви се обраќаме, исплатете плата, обезбедете струја за да ги осигурате нашите работни места, а не да не замајувате со приказни дека банката или друг инвеститор треба да ја реши нашата судбина. Какви и да се вашите планови, вие сте газдите, вие сте должни и од вас очекуваме да се погрижите да не останеме на улица“,соопшти Синдикалната организација на Еуроникел индустри.
Можеби ќе ве интересира: