Уште една победа извојуваа фудбалерите на Превалец, и ја продолжија битката за првото место во Третата фудбалска лига -Југ. На стадионот во велешката населба Превалец, домашниот состав ја совлада Слога од Лажани со резултат 6:1, полувреме 3:1.
Содржината продолжува под рекламата
Ставревски Димче и Стојанов Пеце постигнаа по два погодоци,а стрелаа уште Драскачев Филип и Спиридонов Давид. За гостите единствениот погодок го постигна Беџахудин Сулејмани.
Содржината продолжува под рекламата
По 10 одиграни кола, фудбалерите на Превалец се единствени кои ја немаат почуствувано горчината на поразот, и се наоѓаат на втората позиција на табелата со 23 освоени бода, еден помалку од лидерот Големо Коњари.
Можеби ќе ве интересира: