Реклама

(ВИДЕО) Борец без никакви проблеми го победи Ултрас

Борец без поголеми проблеми дојде до победа од 6:0 против Ултрас во 10 коло од Третата македонска фудбалска лига – Југ, на тој начин ја продолжи борбата за освојување на првото место.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, на задоволство на малобројната публика, Борец дојде до предност со голот на Јосиф Манасиев уште во 7 минута од средбата. Веќе во 10 минута беше 2:0, со голот на Дејан Стефановски, а истиот играч зголеми на 3:0 во 35 минута.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во 54 минута, по една слаба реакција на гостинскиот голман, погоди Александар Пановски. Јосиф Манасиевски со неговиот втор гол од пенал зголеми на 5:0, во 82 минута, а конечниот резултат го постави Белмин Цамиќ во 84 минута.

Гостите на овој натпревар дојдоа со цел да примат што е можно помалку голови, за што говори фактот дека тие денес не упатија ниту еден удар кон голот на Борец.

Можеби ќе ве интересира: