Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, (РКЕ).
Содржината продолжува под рекламата
Од 21.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 42,773 (денари/килограм).
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,559 ден/кг и сега ќе изнесува 42,773 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира: