Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 37 876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Содржината продолжува под рекламата
Зголемувањето се образложува со растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 %), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 %), снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 %).
Содржината продолжува под рекламата
Исто така, нагорни движења се забележани и во секторите снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8 %), образование (10.9 %), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.1 %).
Можеби ќе ве интересира: