Корпративен прием по повод јубилејот 20 години од ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО

20 godini Brako

Компанијата ФЕРОИНВЕСТ и фабриката БРАКО вечерва со корпоративен прием официјално ќе го одбележат 20-годишниот јубилеј и значајната годишнина од успешното работење во изминатите две децении, што се смета за успех на секое стопанство и држава.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ се основани во 2003 година и ја започнаа својата работа со производство на жица и жичани производи, за денес групацијата да произведува електрични и водородни возила за одржување јавна хигиена, метални конструкции и автоматизација, медицински мебел и опрема, да предводи на слободниот пазар во снабдување со електрична енергија и да биде лидер во изградбата на електрани од обновливи извори – фотоволтаични, биогасни и мали хидроелектрани, како прва фирма која пред повеќе од една деценија ја почна енергетската транзиција во земјата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Компанијата има близу 1000 вработени, од кои 100 инженери, што ја прави да биде фирма со најголем број на инженери во Македонија.

Производите се извезуваат во над 60 земји од целиот свет, пред се на пазарите во Западна Европа и САД, каде квалитетот и професионалното работење се основен услов за успех.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: