Викендов ќе се одигра последното 11 коло од есенскиот дел на Третата фудбалска лига – Југ. Велешките претставници Борец и Превалец, ќе гостуваат на Локомотива Градско и Росоман.
Содржината продолжува под рекламата
Фудбалерите на Превалец со евентуална победа над Росоман, имаат можност да бидат есенски шампиони, доколку Големо Коњари не победи во Лажани кај екипата на Слога.
Содржината продолжува под рекламата
Борец со гостувањето во Градско ќе го заокружи есенскиот дел во Третата лига-Југ. И велешани се надеваат на кикс на лидерот за да ја намалат бодовната предност која изнесува четири бода, пред стартот на пролетниот дел.
На останатите натпревари се среќаваат Ултрас – Марена и Бучин – Младост Кривогаштани. Слободна е екипата на Питу Гули.
Можеби ќе ве интересира: