(ВИДЕО) Нови мерки на Владата, парична помош за учениците и пензионерите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска, заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки, за кој рече дека изнесува 662 милиони евра.

Zito akcija 640x289px

Со пакетот, како што кажа премиерот, ќе бидат опфатени 120 илјади млади лица, над 74 илјади граѓани од социјално ранливи категории, 40 илјади земјоделци, 187 илјади пензионери и над 70 илјади компании.

Agria

Со мерките од пакетот, од 1 декември, па во наредните шест месеци, учениците во основното образование ќе добиваат по 1.200 денари месечно, а студентите по 1.800 денари. Студентите во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари, а околу 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер за превоз.

Што се однесува до пензионерите, оние со пензии до 14 илјади денари во наредните пет месеци ќе добиваат по 3.000 денари, оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари по 2.000 денари, а оние со пензии од 16.000 до 19.000 денари по 1.500 денари.

По 2.000 денари месечно во наредните пет месеци ќе добиваат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители, корисници на гарантирана минимална помош, како и родители на деца со попреченост до 26 години.

Со мерките е предвидена поддршка за фотонапонски панели до 80 илјади денари, до 15 илјади денари за соларни системи и до 25 илјади денари за инсталација на ПВЦ.

Се враќа и мерката за поддршка за зголемување на платите во приватниот сектор, а овојпат мерката дава можност да се зголемат платите од 3.000 до 10.000 денари.

Како што кажа Битиќи, на зголемениот износ ќе се плаќа само персонален данок, а има ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Оваа мерка можат да ја користат вработени кои примиле плата во висина до 1,5 просечни плати во последните три месеци.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: