Реклама

Средношколец истакнал албанско знаме во училиште во Велес, знамето е одземено

ekonomska Veles

Средношколец донел албанско знаме и го истакнал во дворот од средното стручно училиште „Јовче Тесличков“ во Велес, информираат од Велешката полиција.

batali.net 640x289px banner

Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

Agria

„Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено“, информираат од СВР Велес.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира: