Реклама

Закажана лидерска средба, од ВМРО-ДПМНЕ разбрале преку медиумите

Жалиме за агендата на Мицкоски, кој работи само 2 часа дневно, лидерската ќе биде во 12 часот, велат од СДСМ.

Zito akcija 640x289px

„Жалиме што ќе мора да му ја нарушиме агендата на Христијан Мицкоски, кој очигледно, како што потврдува неговата ДПМНЕ, работи само два часа во текот на денот, од 9 до 11 часот.

Agria

Средбата, в понедленик, 4 декември 2023 година, ќе биде во 12 часот“, соопшти СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека преку медиумите дознале дека Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите.

„Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на Обсе и Одихр, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор“, додаваат тие.

Можеби ќе ве интересира: