Приведени двајца велешани, едниот агресивно се однесувал кон сопругата, другиот кон својата мајка

semejno nasilstvo
semejno nasilstvo

Приведени двајца велешани, едниот агресивно се однесувал кон сопругата, другиот кон својата мајка. Во првиот случај синоќа, во 19.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Ш.(34) од Велес. Како што се наведува во билтенот на СВР Велес, тој по претходна расправија, агресивно се однесувал кон неговата 26-годишна сопруга и ѝ упатил закани.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот случај, пак, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода В.М.(30) од Велес, затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. При преглед кај него била пронајдена марихуана.

Тој е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: