Реклама

Велешанецот В.М доцна синоќа спроведен во Кривичниот суд Скопје

Велешанецот, В.М кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, доцна синоќа е спроведен во Кривичниот суд во Скопје. 

Zito akcija 640x289px

Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, В.М одговори негативно. 

Agria

Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на Скопје.

Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

Обвинителството потврди дека на распит е и таткото на девојчето. 

Повеќе информации се најавуваат за за денеск кога е закажана прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски. 

Дел од медиумите доцна синоќа повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него.

Изворна веста: МИА

Можеби ќе ве интересира: