Во однос на фактите кои што произлегуваат од целокупниот доказен материјал, конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат на прес-конференцијата. Можам само да ви кажам дека материјалните докази зборуваат со истиот јазик, со кој што зборуваа и осомничените, изјави шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски во однос на тоа до каде е истрагата за киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Според него, Обвинителството ќе се произнесе кога ќе ја заокружи фактичката состојба со соодветно обвинение.
Бубевски додаде дека ги имаат земено материјалните докази од камерите и сето тоа ќе биде предмет на описот на обвинителен акт.
Обвинителот истакна дека ОЈО Скопје ги има доставено потребни работи за постапката за екстрадиција на првоосомничениот Љупчо-Палевски од Турција.
Можеби ќе ве интересира: