Сензорна соба е отворена во велешкото ООУ „Блаже Конески”. Собата е целосно опремена со сите аудио визуелни и сензорно моторички реквизити, кои ќе им помогнат на учениците при подобрување на нивната моторика, ќе влијаат благопријатно, стимулирачки и позитивно врз нивниот развојот.
Содржината продолжува под рекламата
Овој проект реализиран во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” преку проектот “Инклузивни општини преку квалитетно образование”, а поддржан е од Германското друштво за меѓународна соработка.
Содржината продолжува под рекламата
Во рамки на проектот ќе се реализираат и обуки за родителите на учениците со посебни потреби во општините каде се реализира проектот. Во Велес веќе се реализирале вакви обуки за зајакнување на вештините на родителите тие да се застапуваат за заштита на правата на нивните деца.
Можеби ќе ве интересира: