МВР ги добило од Турција отпечатоците на Палевски – се чека ДНК анализата

Palco
Palco

Министерството за внатрешни работи можно е да ја прошири истрагата за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за точно да се откријат мотивите за грозоморниот чин, изјави министерот Спасовски во интервју за Канал 5 телевизија.

Zito akcija 640x289px

Тој додава дека од Турција побарале да се достават дактилоскопските податоци, папиларните линии, и тие се доставени и ќе бидат предадени во Јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа преку меѓународно правната помош. Иако Македонија ги поседува биометриските податоци за секој граѓанин на државата, потребно е и во овој тек на постапката од осомничениот Палевски кој избега во Турција, додава Спасовски. Сите овие податоци се потребни за да се потврди инволвираноста на сите кои во моментов се осомничени и за кои се поднесени кривичните пријави. Се анализираат 70-тина камери од кои се извадени нивните записи кои се вештачат и се доставени или се доставуваат до Јавното обвинителство и над 50-тина снимки кои се изведени од системот „Сејф сити“.

Agria

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: